братски

Придавка

Значење на братски:

Што се однесува на брат, што е својствен на брат. Само благодарение на големата братска љубов се поделија без кавга.

Членувана форма: братскиот.

Изведени зборови:

  • братски, прил. Сиромаштијата не им пречела да живеат другарски и братски.

Оригинални податоци:

братски, братскиот прид. Што се однесува на брат, што е својствен на брат кон зн. 1, 2. Само благодарение на големата братска љубов се поделија без кавга. ‖ братски прил. Сиромаштијата не им пречела да живеат другарски и братски.