брав
Значење на брав:
1. Овен. Постариот брат ги пасеше бравите, а помалиот јаловиците. Пушти им ги бравите навреме на овците да се измркаат и да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата.
2. Скопен, чукан овен. На планината пред нас пасеа булук брави скопени и јаловици. На пазарот се продаваа чукани одбрани брави.
3. Општ назив за овци и кози. Оддалеку допира ѕвон на клопотарци на бравјето што со полни вимиња се враќаат дома. Ни добитокот ни бравите уште не се истерани на пасење.
Множина: брава, брави, бравје, бравови.
Изведени зборови:
- бравски, прид. бравскиот
- бравче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Како угич во брави ‒ силен, вообразен.
Оригинални податоци:
брав, мн. брави/бравови, избр. мн. брава, зб. мн. бравје м. 1. Овен. Постариот брат ги пасеше бравите, а помалиот јаловиците. Пушти им ги бравите навреме на овците да се измркаат и да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата. 2. Скопен, чукан овен. На планината пред нас пасеа булук брави скопени и јаловици. На пазарот се продаваа чукани одбрани брави. 3. Општ назив за овци и кози. Оддалеку допира ѕвон на клопотарци на бравјето што со полни вимиња се враќаат дома. Ни добитокот ни бравите уште не се истерани на пасење. ◊ Како угич во брави ‒ силен, вообразен. ‖ бравче, мн. бравчиња ср. дем. ‖ бравски, бравскиот прид.