бразда

Именка, женски род

Значење на бразда:

1. Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина. Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди.

2. Долга, тесна и плитка длабнатина по површината на земјата по која тече вода, канал за наводнување. Браздата полна со вода гргореше меѓу базјето. Со години меѓу дрвјето тече селската бразда.

3. Трага што ја остава нешто по мека површина или по површината на водата. Тој го продолжи разговорот правејќи бразди со машата во пепелта пред себе.

4. (прен.) Голема брчка на лицето, на кожата. На нејзиното лице предвреме се покажаа бразди.

5. Струјка од солзи, пот, крв, од течност. По образите им течеа бразди сладок сок од лубеница. Околу устата во бразди се слеваше валкана пот.

Множина: бразди.

Изведени зборови:

  • браздиче, и. ж. мн. браздичиња ср.; браздичка, мн. браздички ; браздуле, браздулиња ср.; браздулче, мн. браздулчиња ср. дем.
  • браздиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

бразда, мн. бразди ж. 1. Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина. Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди. 2. Долга, тесна и плитка длабнатина по површината на земјата по која тече вода, канал за наводнување. Браздата полна со вода гргореше меѓу базјето. Со години меѓу дрвјето тече селската бразда. 3. Трага што ја остава нешто по мека површина или по површината на водата. Тој го продолжи разговорот правејќи бразди со машата во пепелта пред себе. 4. (прен.) Голема брчка на лицето, на кожата. На нејзиното лице предвреме се покажаа бразди. 5. Струјка од солзи, пот, крв, од течност. По образите им течеа бразди сладок сок од лубеница. Околу устата во бразди се слеваше валкана пот. ‖ браздиче, мн. браздичиња ср.; браздичка, мн. браздички ж.; браздуле, браздулиња ср.; браздулче, мн. браздулчиња ср. дем. ‖ браздиште, мн. браздишта ср. аугм.