бразди

Глагол, несвршен

Значење на бразди:

1. Прави вдлабнатина во форма на бразда. Ралото ја браздеше црната земја. Момчето во песокот браздеше некакви искривени браздички.

2. Се покажува бразда на лицето, брчка. Лицето полека му го браздат сенки. Болен грч му го браздеше челото.

3. Сече, пара. Небото го браздеа молњи.

4. (прен.) Плови по вода, по воздух. По морињата браздеа убави кораби.

Коњугација: браздат.

Изведени зборови:

  • браздење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бразди, браздат несв. 1. Прави вдлабнатина во форма на бразда. Ралото ја браздеше црната земја. Момчето во песокот браздеше некакви искривени браздички. 2. Се покажува бразда на лицето, брчка. Лицето полека му го браздат сенки. Болен грч му го браздеше челото. 3. Сече, пара. Небото го браздеа молњи. 4. (прен.) Плови по вода, по воздух. По морињата браздеа убави кораби. ǁ глаг. им. браздење ср.