брбори

Глагол, несвршен

Значење на брбори:

1. Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто. Таа везден брбори со сосетките.

2. Жубори, ромони, тече со жуборење. Браздата брза и бистра брбори.

3. Жабурка, со дување или на друг начин прави меури во вода испуштајќи специфичен звук. Децата со сламки од жито брбореа, испуштајќи меури во чашите.

Коњугација: брборат.

Изведени зборови:

  • брборење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

брбори, брборат несв. 1. Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто. Таа везден брбори со сосетките. 2. Жубори, ромони, тече со жуборење. Браздата брза и бистра брбори. 3. Жабурка, со дување или на друг начин прави меури во вода испуштајќи специфичен звук. Децата со сламки од жито брбореа, испуштајќи меури во чашите. ‖ глаг. им. брборење ср.