брца
Значење на брца:
1. Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода.
2. Ја вовлекува раката во нешто. Тој ја брца раката во џебот и вади чоколада.
Коњугација: брцаат.
Изведени зборови:
- брцање, глаг. им. ср.
- се ~ брца, Се потопува. Детето се брца во плитката вода на поточето.
Оригинални податоци:
брца, брцаат несв. 1. Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода. 2. Ја вовлекува раката во нешто. Тој ја брца раката во џебот и вади чоколада. ● се ~ Се потопува. Детето се брца во плитката вода на поточето. ‖ глаг. им. брцање ср.