брчка
Значење на брчка:
1. Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки. Годините сè повеќе му го брчкаа лицето на старецот.
2. Топи, потопува, шумно капе во вода. Попот го фати за главчето бебето и почна да го брчка во водата.
Коњугација: брчкаат.
Изведени зборови:
- брчкање, глаг. им. ср.
- се ~ брчка, 1. Си прави брчки. Челото му се брчкаше, а погледот блудеше неодредено. 2. Шумно се потопува, се капе во вода. Гуските по цел ден се брчкаа во потокот.
Оригинални податоци:
брчка, брчкаат несв. 1. Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки. Годините сè повеќе му го брчкаа лицето на старецот. 2. Топи, потопува, шумно капе во вода. Попот го фати за главчето бебето и почна да го брчка во водата.● се ~ 1. Си прави брчки. Челото му се брчкаше, а погледот блудеше неодредено. 2. Шумно се потопува, се капе во вода. Гуските по цел ден се брчкаа во потокот. ‖ глаг. им. брчкање ср.