брцне

Глагол, свршен

Значење на брцне:

1. Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода. Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото.

2. Вовлече нешто во нешто, рака, нож и сл. Полека брцна во џебот од елечето и оттаму извади илјада денари. Брцна нож.

Коњугација: брцна , брцнав , брцнал , брцнат , брцнат , брцнете , брцни , (ќе) брцнеа , (ќе) брцнев , (ќе) брцнел.

Изведени зборови:

  • брцнување, глаг. им. ср.
  • се ~ брцне, Се потопи. Детето се брцна во реката и веднаш излезе.
  • (се) брцнува, глаг. несв. (се) брцнуваат

Оригинални податоци:

брцне, брцнат; брцни, брцнете; брцнав, брцна; брцнал; брцнат; (ќе) брцнев, (ќе) брцнеа; (ќе) брцнел св. 1. Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода. Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото. 2. Вовлече нешто во нешто, рака, нож и сл. Полека брцна во џебот од елечето и оттаму извади илјада денари. Брцна нож.● се ~ Се потопи. Детето се брцна во реката и веднаш излезе. ‖ (се) брцнува, (се) брцнуваат несв. ‖ глаг. им. брцнување ср.