брег

Именка, машки род

Значење на брег:

1. Гранична линија меѓу копно и вода, земјата во појасот покрај река, езеро или море. Езерото лесно го заплиснува песочниот брег. Овој мост спои два брега...

2. Помал рид. Овците исчезнаа зад бреговите.

Множина: брега, брегови, брежје.

Изведени зборови:

  • бреже, и. ср. мн. брежиња ; брекче, мн. брекчиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го префрла од рид на брег ‒ го лаже, го мами.

Оригинални податоци:

брег, мн. брегови, избр. мн. брега, зб. мн. брежје м. 1. Гранична линија меѓу копно и вода, земјата во појасот покрај река, езеро или море. Езерото лесно го заплиснува песочниот брег. Овој мост спои два брега... 2. Помал рид. Овците исчезнаа зад бреговите. ◊ Го префрла од рид на брег ‒ го лаже, го мами. ‖ бреже, мн. брежиња ср.; брекче, мн. брекчиња ср. дем.