бреме
Значење на бреме:
1. Тежок товар што го носи еден човек. Девојките дрварки слегуваат од планина со бремиња дрва.
2. (прен.) Тешкотија. Кога го чу тоа на состанокот, од душата му се симна тешко бреме.
Множина: бремиња.
Фразеолошки израз / поговорка:
Иде време, носи бреме ‒ секое време си има свои тешкотии.
Оригинални податоци:
бреме, мн. бремиња ср. 1. Тежок товар што го носи еден човек. Девојките дрварки слегуваат од планина со бремиња дрва. 2. (прен.) Тешкотија. Кога го чу тоа на состанокот, од душата му се симна тешко бреме. ◊ Иде време, носи бреме ‒ секое време си има свои тешкотии.