бревта

Глагол, несвршен

Значење на бревта:

1. Тешко, напрегнато дише, испуштајќи придушен звук. Човекот бревташе забрзувајќи го одот со последните сили.

2. (прен.) За машина, мотор ‒ работи, влече отежнато. Возот бревташе на угорнината.

Коњугација: бревтаат.

Изведени зборови:

  • бревтање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бревта, бревтаат несв. 1. Тешко, напрегнато дише, испуштајќи придушен звук. Човекот бревташе забрзувајќи го одот со последните сили. 2. (прен.) За машина, мотор ‒ работи, влече отежнато. Возот бревташе на угорнината. ‖ глаг. им. бревтање ср.