брич

Именка, машки род

Значење на брич:

Нож за бричење. Дедо ми се бричеше со брич.

Множина: брича, бричеви, бричови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пресечено како со брич ‒ мазно, на иста висина. Триста бричови по главата ни минале ‒ многу опасности ни минале преку глава.

Оригинални податоци:

брич, мн. бричеви/бричови, избр. мн. брича м. Нож за бричење. Дедо ми се бричеше со брич. ◊ Пресечено како со брич ‒ мазно, на иста висина. Триста бричови по главата ни минале ‒ многу опасности ни минале преку глава.