брише
Значење на брише:
1. Трие по одредена површина со одредена цел, чисти нешто од некоја површина. Таа ја бришеше правта од сликите.
2. Отстранува нешто од некаде: а) Во физичка смисла. Домаќинката ги бришеше ронките од масата со влажна крпа. б) Од пишан текст. Бриши го него од списокот.
3. (прен.) За ветер ‒ силно дува. Ветрот брише над нивните глави.
4. (жарг.) Само зап. начин ‒ бегај. Реков, бриши оттука.
Коњугација: бришаа , бришав , бришал , бришан, бришат , брише , бришеа , бришев , бришејќи , бришел , бришен , бришете , бриши .
Изведени зборови:
- бришење, глаг. им. ср.
- се ~ брише, 1. повр. Змејко долго се бришеше со ризата, што си ја донесе од село. 2. се Си го брише носот.
Оригинални податоци:
брише, бришат; бриши, бришете; бришев, бришеа; бришел; бришен; бришејќи; мин. св. бришав, бришаа; бришал; бришан несв. 1. Трие по одредена површина со одредена цел, чисти нешто од некоја површина. Таа ја бришеше правта од сликите. 2. Отстранува нешто од некаде: а) Во физичка смисла. Домаќинката ги бришеше ронките од масата со влажна крпа. б) Од пишан текст. Бриши го него од списокот. 3. (прен.) За ветер ‒ силно дува. Ветрот брише над нивните глави. 4. (жарг.) Само зап. начин ‒ бегај. Реков, бриши оттука. ● се ~ 1. повр. Змејко долго се бришеше со ризата, што си ја донесе од село. 2. се ~ Си го брише носот. ‖ глаг. им. бришење ср.