брка

Глагол, несвршен

Значење на брка:

1. Гони, тера. Ловците и кучињата го бркаа волкот. Аскерот ги брка голораките селани по полето.

2. (дијал.) Меша, буричка, размешува. Стариот го бркаше качамакот со едно сукало.

3. Буни, збунува. Тој ги брка тие два поима. Не го бркај детето, остави го да зборува.

Коњугација: бркаат.

Изведени зборови:

  • бркање, глаг. им. ср.
  • се ~ брка, 1. заемноповр. Се гони со некого. Децата се бркаа по улицата. 2. Буричка, посега в џеб или на слично место. Селанецот се брка во полуискинатиот црвен појас да провери да не му го украл некој ќесето со пари. 3. Се меша во некоја, обично туѓа работа. Тој постојано се брка во моите работи. 4. Се буни, се збунува. Детево многу се брка кога одговара пред цел клас.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брка(ј) работа ‒ врши, тера(ј) работа. Кај ти даваат земи, кај те бркаат бегај (посл.)

Оригинални податоци:

брка, бркаат несв. 1. Гони, тера. Ловците и кучињата го бркаа волкот. Аскерот ги брка голораките селани по полето. 2. (дијал.) Меша, буричка, размешува. Стариот го бркаше качамакот со едно сукало. 3. Буни, збунува. Тој ги брка тие два поима. Не го бркај детето, остави го да зборува. ◊ Брка(ј) работа ‒ врши, тера(ј) работа. Кај ти даваат земи, кај те бркаат бегај (посл.) ● се ~ 1. заемноповр. Се гони со некого. Децата се бркаа по улицата. 2. Буричка, посега в џеб или на слично место. Селанецот се брка во полуискинатиот црвен појас да провери да не му го украл некој ќесето со пари. 3. Се меша во некоја, обично туѓа работа. Тој постојано се брка во моите работи. 4. Се буни, се збунува. Детево многу се брка кога одговара пред цел клас. ‖ глаг. им. бркање ср.