брои
Значење на брои:
1. Изговара броеви по ред. Тој ги броеше ударите на градскиот часовник. Таа брои до сто.
2. Утврдува колку единици има во едно множество. Брои пари.
3. Содржи, има, се состои од определен број. Селото брои 200 куќи.
Коњугација: броев , броеја , броејќи , броел , броен , броија , број , бројаа и броив , бројав , бројал и броил , бројан, бројат , бројте .
Изведени зборови:
- броење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Селаните не го броеја за жив ‒ не го почитуваа. Ребрата/коските му се бројат ‒ многу е слаб. Му ги брои залаците ‒ гледа некого колку и што јаде. Си ги брои нозете/стапалките ‒ оди многу бавно.
Оригинални податоци:
брои, бројат; број, бројте; броев, броеја; броел; броен; броејќи; мин. св. бројав, бројаа и броив, броија; бројал и броил; бројан несв. 1. Изговара броеви по ред. Тој ги броеше ударите на градскиот часовник. Таа брои до сто. 2. Утврдува колку единици има во едно множество. Брои пари. 3. Содржи, има, се состои од определен број. Селото брои 200 куќи. ◊ Селаните не го броеја за жив ‒ не го почитуваа. Ребрата/коските му се бројат ‒ многу е слаб. Му ги брои залаците ‒ гледа некого колку и што јаде. Си ги брои нозете/стапалките ‒ оди многу бавно. ‖ глаг. им. броење ср.