број
Значење на број:
1. Точно определена вкупност на единици во едно количество; множество. Бројот на заболените се намалува. По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата.
2. Ознака за лица, предмети, поими изразена со број, административни предмети, телефони, куќи и сл. Нека влезе број пет. Линиите пет и девет не работат. Високиот гледаше во бројот на куќата. Бројот на личната карта се запишува од задната страна на чекот. Телефонскиот број е променет.
3. Ознака за големина на некои производи, обувки, облека и сл. Тој носи чевли број 46. Кошула број четириесет.
4. Дневен или одделен отпечаток од дневен или периодичен печат, отпечаток од списание. Тогаш се издаваат и два броја од весникот „Искра“. Во секој втор број на списанието објавуваме текстови на наши читатели. Таа зеде од масата еден илустриран број и со него се врати во фотелјата.
5. (грам.) а) Вид полнозначен збор со кој се означува количество. Пет леба. Дванаесет души. б) Граматичка категорија: еднина, множина кај менливите зборови.
Множина: броеви, броја.
Изведени зборови:
- бројче, и. ср. Дем. и хип. од број.
Фразеолошки израз / поговорка:
Двоцифрен број. Арапски број ‒ број што се пишува со арапски цифри 1, 2, 3... Римски број ‒ број што се пишува со римски цифри V, I, X. Парен број ‒ број што е делив со два. Непарен број ‒ број што не е делив со два. Главни броеви ‒ броеви кои означуваат количина. Негативен број ‒ број со знакот минус. Реден број. Астрономски број ‒ многу голем број. Без број ‒ неброено многу. Голем број ‒ многу. Не му се сите кози (овци, мајки) на број ‒ не е расположен. Бројот не му се знае, нема број ‒ огромно, неизмерно, неброено количество.
Оригинални податоци:
број, мн. броеви, избр. мн. броја м. 1. Точно определена вкупност на единици во едно количество; множество. Бројот на заболените се намалува. По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата. 2. Ознака за лица, предмети, поими изразена со број, административни предмети, телефони, куќи и сл. Нека влезе број пет. Линиите пет и девет не работат. Високиот гледаше во бројот на куќата. Бројот на личната карта се запишува од задната страна на чекот. Телефонскиот број е променет. 3. Ознака за големина на некои производи, обувки, облека и сл. Тој носи чевли број 46. Кошула број четириесет. 4. Дневен или одделен отпечаток од дневен или периодичен печат, отпечаток од списание. Тогаш се издаваат и два броја од весникот „Искра“. Во секој втор број на списанието објавуваме текстови на наши читатели. Таа зеде од масата еден илустриран број и со него се врати во фотелјата. 5. (грам.) а) Вид полнозначен збор со кој се означува количество. Пет леба. Дванаесет души. б) Граматичка категорија: еднина, множина кај менливите зборови. ◊ Двоцифрен број. Арапски број ‒ број што се пишува со арапски цифри 1, 2, 3... Римски број ‒ број што се пишува со римски цифри V, I, X. Парен број ‒ број што е делив со два. Непарен број ‒ број што не е делив со два. Главни броеви ‒ броеви кои означуваат количина. Негативен број ‒ број со знакот минус. Реден број. Астрономски број ‒ многу голем број. Без број ‒ неброено многу. Голем број ‒ многу. Не му се сите кози (овци, мајки) на број ‒ не е расположен. Бројот не му се знае, нема број ‒ огромно, неизмерно, неброено количество. ‖ бројче, мн. бројчиња ср. Дем. и хип. од број.