брз

Придавка

Значење на брз:

1. Што во кусо време поминува поголемо растојание. Брзата вода им ги режеше нозете. Најбрзото дете ќе добие награда.

2. Што се случува, што се прави во кусо време. Со чести и брзи напади можеме да победиме.

3. Пргав, вешт. Нејзините брзи прсти ги оформуваа цветовите од хартија. Тој беше брз во одговорите. Таа беше брза, и силна.

Членувана форма: брзиот.

Изведени зборови:

  • брзо, прил. 1. На брз начин. Чекореше брзо. Се оддалечивме брзо од местото. 2. брзо‒брзо За многу кусо време, веднаш. Тој го збодна коњот и брзо‒брзо дојде меѓу нив. ◊ Брза помош ‒ служба за итна медицинска помош. Брз воз ‒ воз што се движи брзо, не застанува на помалите станици. На брза рака ‒ многу брзо, набрзина.
  • брзост, и. ж.

Оригинални податоци:

брз, брзиот прид. 1. Што во кусо време поминува поголемо растојание. Брзата вода им ги режеше нозете. Најбрзото дете ќе добие награда. 2. Што се случува, што се прави во кусо време. Со чести и брзи напади можеме да победиме. 3. Пргав, вешт. Нејзините брзи прсти ги оформуваа цветовите од хартија. Тој беше брз во одговорите. Таа беше брза, и силна. ‖ брзо прил. 1. На брз начин. Чекореше брзо. Се оддалечивме брзо од местото. 2. брзо‒брзо прил. За многу кусо време, веднаш. Тој го збодна коњот и брзо‒брзо дојде меѓу нив. ◊ Брза помош ‒ служба за итна медицинска помош. Брз воз ‒ воз што се движи брзо, не застанува на помалите станици. На брза рака ‒ многу брзо, набрзина. ‖ брзост ж.