бубрег
Анатомија.
Значење на бубрег:
1. Еден од двата органи од системот за излачување урина.
2. Храна подготвена од овој орган. Набрзина ги пропржи дробовите, срцето и бубрезите и ги изнесе пред гостите.
3. (разг.) Торбичка што се носи околу појасот за лични предмети. Во бубрегот му беше пасошот.
Множина: бубрега, бубрези.
Изведени зборови:
- бубреже, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бели бубрези ‒ полови жлезди кај животните. Живее како бубрег во лој ‒ живее добро.
Оригинални податоци:
бубрег, мн. бубрези, избр. мн. бубрега м. (анат.) 1. Еден од двата органи од системот за излачување урина. 2. Храна подготвена од овој орган. Набрзина ги пропржи дробовите, срцето и бубрезите и ги изнесе пред гостите. 3. (разг.) Торбичка што се носи околу појасот за лични предмети. Во бубрегот му беше пасошот. ◊ Бели бубрези ‒ полови жлезди кај животните. Живее како бубрег во лој ‒ живее добро. ‖ бубреже, мн. бубрежиња ср. дем.