буцне

Глагол, свршен

Значење на буцне:

1. Прободе. Стариот со бастунчето буцна во вреќата.

2. Боде со рогови (за рогато животно). Разбеснетиот бик го буцна својот стопан во слабините.

3. (прен.) Аџијата буцнал и им ја расипал свршувачката на младите.

Коњугација: буцнаа , буцнав , буцнал , буцнат , буцнат , буцнете , буцни , (ќе) буцнеа , (ќе) буцнев , (ќе) буцнел.

Изведени зборови:

  • буцнува, глаг. несв. буцнуваат
  • буцнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

буцне, буцнат; буцни, буцнете; буцнав, буцнаа; буцнал; буцнат; (ќе) буцнев, (ќе) буцнеа; (ќе) буцнел св. 1. Прободе. Стариот со бастунчето буцна во вреќата. 2. Боде со рогови (за рогато животно). Разбеснетиот бик го буцна својот стопан во слабините. 3. (прен.) Аџијата буцнал и им ја расипал свршувачката на младите. ‖ буцнува, буцнуваат несв. ‖ глаг. им. буцнување ср.