буџет
Само во еднина.
Значење на буџет:
1. Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие итн., за определен период. Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто.
2. Парични средства со кои се располага. Мојот буџет не ми дозволува вакви излети.
Оригинални податоци:
буџет (само едн.) м. 1. Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие итн., за определен период. Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто. 2. Парични средства со кои се располага. Мојот буџет не ми дозволува вакви излети.