буен

Придавка

Значење на буен:

1. Густ, што расте многу, во изобилство. Бујна трева. Бујно зеленило.

2. Растолит, јак, развиен. Бујно младо момче. Беше висока, витка, со долги нозе и сразмерно развиени бутови, бујни гради и права како пушка.

3. Јак, силен. Под селото имаше голема и бујна река.

4. (прен.) Бујната фантазија на детето создала чудесни слики. Нејзината бујна младост ништо не можело да ја сопре.

Членувана форма: бујниот.

Изведени зборови:

  • бујно, прил. Некаков немир во собата нечујно, бујно расте.
  • бујност, и. ж.

Оригинални податоци:

буен, бујниот прид. 1. Густ, што расте многу, во изобилство. Бујна трева. Бујно зеленило. 2. Растолит, јак, развиен. Бујно младо момче. Беше висока, витка, со долги нозе и сразмерно развиени бутови, бујни гради и права како пушка. 3. Јак, силен. Под селото имаше голема и бујна река. 4. (прен.) Бујната фантазија на детето создала чудесни слики. Нејзината бујна младост ништо не можело да ја сопре. ‖ бујно прил. Некаков немир во собата нечујно, бујно расте. ‖ бујност ж.