букне

Глагол, свршен

Значење на букне:

1. Пламне, наеднаш почне силно да гори. Пука камен, земја гори, / в пламен букнал селски плот.

2. (прен.) Силно, наеднаш израсте. Збрмчеа пчелите, расцветаа сливите, крушите и секаде тревата букна.

Коњугација: букнаа , букнав , букнал , букнат , букнат , букнете , букни , (ќе) букнеа , (ќе) букнев , (ќе) букнел.

Изведени зборови:

  • букнува, глаг. несв. букнуваат
  • букнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

букне, букнат; букни, букнете; букнав, букнаа; букнал; букнат; (ќе) букнев; (ќе) букнеа; (ќе) букнел св. 1. Пламне, наеднаш почне силно да гори. Пука камен, земја гори, / в пламен букнал селски плот. 2. (прен.) Силно, наеднаш израсте. Збрмчеа пчелите, расцветаа сливите, крушите и секаде тревата букна. ‖ букнува, букнуваат несв. ‖ глаг. им. букнување ср.