бумбар

Именка, машки род

Зоологија.

Значење на бумбар:

Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето. Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат.

Множина: бумбара, бумбари.

Изведени зборови:

  • бумбарче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мајски бумбар (зоол.) ‒ Malontha melontha. Му влегле бумбари во глава ‒ не му се јасни работите, нешто му брчи во главата. Му ја полни главата со бумбари ‒ му сугерира лоши работи.

Оригинални податоци:

бумбар, мн. бумбари, избр. мн. бумбара м. (зоол.) Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето. Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат. ◊ Мајски бумбар (зоол.) ‒ Malontha melontha. Му влегле бумбари во глава ‒ не му се јасни работите, нешто му брчи во главата. Му ја полни главата со бумбари ‒ му сугерира лоши работи. ‖ бумбарче, мн. бумбарчиња ср. дем.