бумеранг

Именка, машки род

Значење на бумеранг:

Вид оружје на австралиските домородци во вид на срп, кое се враќа на местото од каде што е фрлено ако не ја погоди целта. Домородците биле вооружени со копја и дрвени бумеранзи.

Множина: бумеранзи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бумеранг ефект ‒ постапка што се свртува против тој што ја направил, кога еден став или општествена дејност предизвикува спротивен ефект од саканиот.

Оригинални податоци:

бумеранг, мн. бумеранзи м. Вид оружје на австралиските домородци во вид на срп, кое се враќа на местото од каде што е фрлено ако не ја погоди целта. Домородците биле вооружени со копја и дрвени бумеранзи. ◊ Бумеранг ефект ‒ постапка што се свртува против тој што ја направил, кога еден став или општествена дејност предизвикува спротивен ефект од саканиот.