буни
Значење на буни:
1. Поттикнува на бунт, бунтува. Тој отсекогаш го бунел народот.
2. Збунува, збркува. Ме буни помислата дека е веста навистина точна.
Коњугација: бунат.
Изведени зборови:
- бунење, глаг. им. ср.
- се ~ буни, 1. Искажува незадоволство, се бунтува. Тој секогаш се буни кога оди на стража. 2. Се брка, се збркува. Моето дете многу се буни кога одговара пред наставничката.
Оригинални податоци:
буни, бунат несв. 1. Поттикнува на бунт, бунтува. Тој отсекогаш го бунел народот. 2. Збунува, збркува. Ме буни помислата дека е веста навистина точна. ● се ~ 1. Искажува незадоволство, се бунтува. Тој секогаш се буни кога оди на стража. 2. Се брка, се збркува. Моето дете многу се буни кога одговара пред наставничката. ‖ глаг. им. бунење ср.