бунтовник
Значење на бунтовник:
1. Тој што учестува во бунт, што крева бунт. Врзаните бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо.
2. Човек што често се бунтува. Тој е голем бунтовник.
Множина: бунтовници.
Изведени зборови:
- бунтовничка, и. ж.
Оригинални податоци:
бунтовник, мн. бунтовници м. 1. Тој што учестува во бунт, што крева бунт. Врзаните бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо. 2. Човек што често се бунтува. Тој е голем бунтовник. ‖ бунтовничка, мн. бунтовнички ж.