бутка
Разговорен збор, израз.
Значење на бутка:
1. Турка. Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.
2. Турне на испит некого. На испитот по математика професорот ги буткаше најмалку половината од пријавените.
3. Става, дава. Тој му бутка на детето јаболко в рака.
Коњугација: буткаат.
Изведени зборови:
- буткање, глаг. им. ср.
- се ~ бутка, Се турка. Луѓето се буткаа кој прв да излезе.
Оригинални податоци:
бутка, буткаат несв. (разг.) 1. Турка. Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот. 2. Турне на испит некого. На испитот по математика професорот ги буткаше најмалку половината од пријавените. 3. Става, дава. Тој му бутка на детето јаболко в рака. ● се ~ Се турка. Луѓето се буткаа кој прв да излезе. ‖ глаг. им. буткање ср.