бува 2
Значење на бува:
1. Удира, тупа, бие по нешто предизвикувајќи специфичен звук. Жените буваа матеница. Војниците го буваа (бувтаа) заробеникот со кундаците во грбот.
2. (прен.) Кашла силно. Стариот по цел ден бува.
Коњугација: буваат.
Изведени зборови:
- бување, глаг. им. ср.
- се ~ бува, Се удира. Тој се бува во градите дека ќе го направи тоа.
Оригинални податоци:
бува2, буваат несв. 1. Удира, тупа, бие по нешто предизвикувајќи специфичен звук. Жените буваа матеница. Војниците го буваа (бувтаа) заробеникот со кундаците во грбот. 2. (прен.) Кашла силно. Стариот по цел ден бува. ● се ~ Се удира. Тој се бува во градите дека ќе го направи тоа. ‖ глаг. им. бување ср.