бувне
Значење на бувне:
1. Тресне, силно удри. Тој ја бувна вратата и си отиде.
2. Влезе наеднаш, упадне. Во одајата бувна едно дете.
Коњугација: бувнаа , бувнав , бувнал , бувнат , бувнат , бувнете , бувни , (ќе) бувнеа , (ќе) бувнев , (ќе) бувнел.
Изведени зборови:
- бувнување, глаг. им. ср.
- се ~ бувне, 1. Се турне, се удри, се тресне. Еден зазјапан селанец се бувна во бандерата. 2. сп. бувне 2. Одеднаш слугите се бувнаа во куќата со ортоми.
- (се) бувнува, глаг. несв. (се) бувнуваат
Оригинални податоци:
бувне, бувнат; бувни, бувнете; бувнав, бувнаа; бувнал; бувнат; (ќе) бувнев, (ќе) бувнеа; (ќе) бувнел св. 1. Тресне, силно удри. Тој ја бувна вратата и си отиде. 2. Влезе наеднаш, упадне. Во одајата бувна едно дете.● се ~ 1. Се турне, се удри, се тресне. Еден зазјапан селанец се бувна во бандерата. 2. сп. бувне 2. Одеднаш слугите се бувнаа во куќата со ортоми. ‖ (се) бувнува, (се) бувнуваат несв. ‖ глаг. им. бувнување ср.