цацко

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на цацко:

Ѓавол, враг, сатана, зол дух. Ме натера цацко и се скарав со брат ми.

Множина: цацковци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ме (те, го...) дупнал цацко ‒ наведе, наговори, натера некого да прави нешто лошо, да се однесува непримерно. Цацко ќе го знае ‒ никој не знае. Работи како што не треба, па после цацко ти е крив ‒ кога самиот си виновен, не обвинувај други за лошите последици од работата. Кој цацко те тераше ‒ кој те тераше да го правиш тоа кога знаеш дека не треба. Му влегол цацко ‒ му влегол ѓаволот во него. Цацко го бараше? ‒ не треба да го правиш тоа оти лошо ќе поминеш.

Оригинални податоци:

цацко, мн. цацковци м. (разг.) Ѓавол, враг, сатана, зол дух. Ме натера цацко и се скарав со брат ми. ◊ Ме (те, го...) дупнал цацко ‒ наведе, наговори, натера некого да прави нешто лошо, да се однесува непримерно. Цацко ќе го знае ‒ никој не знае. Работи како што не треба, па после цацко ти е крив ‒ кога самиот си виновен, не обвинувај други за лошите последици од работата. Кој цацко те тераше ‒ кој те тераше да го правиш тоа кога знаеш дека не треба. Му влегол цацко ‒ му влегол ѓаволот во него. Цацко го бараше? ‒ не треба да го правиш тоа оти лошо ќе поминеш.