цајтнот

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на цајтнот:

1. Во шахот ‒ недостиг на време за размислување за натамошниот тек на играта што се јавува кога играчот на крајот од петтиот час нема повлечено четириесет потези. Се најде во цајтнот.

2. Воопшто ‒ недостиг на време за извршување некоја работа. Ние со проектот веќе сме во цајтнот.

Оригинални податоци:

цајтнот, (само едн.) м. 1. Во шахот ‒ недостиг на време за размислување за натамошниот тек на играта што се јавува кога играчот на крајот од петтиот час нема повлечено четириесет потези. Се најде во цајтнот. 2. Воопшто ‒ недостиг на време за извршување некоја работа. Ние со проектот веќе сме во цајтнот.