цар

Именка, машки род

Значење на цар:

1. Највисока наследна титула на владетел, монарх во некои земји, тој што ја носи таа титула. Честити царе! Славен цар. Древни цареви.

2. (прен.) Најголем, највиден претставник на определена група, во некоја област, тој што ги надминува другите, се истакнува во однос на другите со своите особини. Цар на подземјето. Цар е за математика.

Множина: цара, цареви.

Алтернативно: царови

Изведени зборови:

  • царче, и. ср. 1. Дем. од цар. 2. Син на царот, принц. Царицата роди царче. 3. (зоол.) Мала појна птица со дебело кусо тело и шилест клун; Troglodytes troglodytes.

Фразеолошки израз / поговорка:

Живее како цар ‒ живее богато и раскошно. На царот данокот, на попот колакот ‒ секому колку што треба да му се даде. Цар далеку, бог високо ‒ се вели кога нема правда, нема помош или излез од некоја тешка ситуација. Царот на мувите ‒ се вели за човек кој е слаб и плашлив, а се прави важен и силен. Што (кога) нема и цар не јаде ‒ ако нема храна, ни царот не може да јаде иако е цар. Каде што царот оди пешки ‒ клозет, нужник. Цар на животните ‒ лав. Змиски цар ‒ питон; Boa constrictor. Горски цар ‒ ајдук, тој што е господар во гората.

Оригинални податоци:

цар, мн. цареви и царови, избр. мн. цара м. 1. Највисока наследна титула на владетел, монарх во некои земји, тој што ја носи таа титула. Честити царе! Славен цар. Древни цареви. 2. (прен.) Најголем, највиден претставник на определена група, во некоја област, тој што ги надминува другите, се истакнува во однос на другите со своите особини. Цар на подземјето. Цар е за математика. ◊ Живее како цар ‒ живее богато и раскошно. На царот данокот, на попот колакот ‒ секому колку што треба да му се даде. Цар далеку, бог високо ‒ се вели кога нема правда, нема помош или излез од некоја тешка ситуација. Царот на мувите ‒ се вели за човек кој е слаб и плашлив, а се прави важен и силен. Што (кога) нема и цар не јаде ‒ ако нема храна, ни царот не може да јаде иако е цар. Каде што царот оди пешки ‒ клозет, нужник. Цар на животните ‒ лав. Змиски цар ‒ питон; Boa constrictor. Горски цар ‒ ајдук, тој што е господар во гората. ‖ царче, мн. царчиња ср. 1. Дем. од цар. 2. Син на царот, принц. Царицата роди царче. 3. (зоол.) Мала појна птица со дебело кусо тело и шилест клун; Troglodytes troglodytes.