царица

Именка, женски род

Значење на царица:

1. Жена владетел на монархија: цар Со царството владееше царица.

2. Сопруга на царот. Царицата му роди три ќерки.

3. (прен.) Највпечатлива жена во некое место, група или област, таа што ги надминува другите, се истакнува во однос на другите со своите особини; цар 2. Царица на балот. Царица на модните писти.

Множина: царици.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се фатила царица за работа, па ѝ се исприштиле рацете/Фатила царица краставица и никнала плускавица ‒ се вели за некој што не е навикнат на работа.

Оригинални податоци:

царица, мн. царици ж. 1. Жена владетел на монархија: сп. цар 1. Со царството владееше царица. 2. Сопруга на царот. Царицата му роди три ќерки. 3. (прен.) Највпечатлива жена во некое место, група или област, таа што ги надминува другите, се истакнува во однос на другите со своите особини; сп. цар 2. Царица на балот. Царица на модните писти. ◊ Се фатила царица за работа, па ѝ се исприштиле рацете/Фатила царица краставица и никнала плускавица ‒ се вели за некој што не е навикнат на работа.