царски

Придавка

Значење на царски:

1. Што се однесува на цар, што му припаѓа на цар. Царски син. Царски двор. Царски престол. Царска круна. Царска заповед. Царска посета.

2. Што е својствен на цар. Царско величество. Царско достоинство. Царско држење.

3. Што се однесува на државата како царство. Царска влада. Царска служба. Царска морнарица.

4. (прен.) Што е како кај цар, богат, раскошен, прекрасен. Царски подарок. Царска свадба. Царско јадење.

Членувана форма: царскиот.

Изведени зборови:

  • царски, прил. 1. На царски начин, како цар. Живеат царски. 2. Богато, раскошно, прекрасно, како кај цар. Го нагостиле царски.

Фразеолошки израз / поговорка:

Царска вода ‒ (хем.) мешавина од азотна и солна киселина што служи како средство за растворање на златото и на другите благородни метали. Царска врата /царски двери ‒ (црков.) средната врата на олтарот во православната црква низ која влегуваат само црковните лица и царот. Царски рез ‒ (мед.) оперативен зафат што се изведува со рез на стомачниот ѕид и на материцата кога природното породување е невозможно или ризично. Царски збор назад не се враќа ‒ што е кажано, ветено мора и да се исполни. Царска (кралска) габа ‒ вид габа што се јаде; Boletus regius; Boletus caesarea

Оригинални податоци:

царски, царскиот прид. 1. Што се однесува на цар, што му припаѓа на цар. Царски син. Царски двор. Царски престол. Царска круна. Царска заповед. Царска посета. 2. Што е својствен на цар. Царско величество. Царско достоинство. Царско држење. 3. Што се однесува на државата како царство. Царска влада. Царска служба. Царска морнарица. 4. (прен.) Што е како кај цар, богат, раскошен, прекрасен. Царски подарок. Царска свадба. Царско јадење. ◊ Царска вода ‒ (хем.) мешавина од азотна и солна киселина што служи како средство за растворање на златото и на другите благородни метали. Царска врата /царски двери ‒ (црков.) средната врата на олтарот во православната црква низ која влегуваат само црковните лица и царот. Царски рез ‒ (мед.) оперативен зафат што се изведува со рез на стомачниот ѕид и на материцата кога природното породување е невозможно или ризично. Царски збор назад не се враќа ‒ што е кажано, ветено мора и да се исполни. Царска (кралска) габа ‒ вид габа што се јаде; Boletus regius; Boletus caesarea ‖ царски прил. 1. На царски начин, како цар. Живеат царски. 2. Богато, раскошно, прекрасно, како кај цар. Го нагостиле царски.