царство
Значење на царство:
1. Држава со монархистичко уредување на чело со цар. Стариот цар ги прошири границите на царството. Верни поданици на царството.
2. (само едн.) Управување, владеење на цар, царување; власт, господство. Царството му го предаде на својот син.
3. (прен.) Изделена област, дел од реалноста што опфаќа истородни поими, појави, предмети. Животинско царство. Царство на печурките.
4. (прен.) Посебен свет, област во која преовладува, царува нешто. Во царството на бајките. Царство на тишината.
Множина: царства.
Фразеолошки израз / поговорка:
Земно царство ‒ животот на земјата. Небесно царство ‒ задгробниот живот. Живее (е) во царството на соништата ‒ 1. спие; 2. живее во нереален свет.
Оригинални податоци:
царство, мн. царства ср. 1. Држава со монархистичко уредување на чело со цар. Стариот цар ги прошири границите на царството. Верни поданици на царството. 2. (само едн.) Управување, владеење на цар, царување; власт, господство. Царството му го предаде на својот син. 3. (прен.) Изделена област, дел од реалноста што опфаќа истородни поими, појави, предмети. Животинско царство. Царство на печурките. 4. (прен.) Посебен свет, област во која преовладува, царува нешто. Во царството на бајките. Царство на тишината. ◊ Земно царство ‒ животот на земјата. Небесно царство ‒ задгробниот живот. Живее (е) во царството на соништата ‒ 1. спие; 2. живее во нереален свет.