царува
Значење на царува:
1. Владее, управува со царство како цар. Царуваше во мир и спокојство долги години.
2. (прен.) Живее како цар, се однесува како цар, живее убаво, безгрижно. Војниците царуваа во планинските села. Едни царуваат, други гладуваат.
3. (прен., само во 3. л.) Владее, преовладува, господари. Царува тишината. Во неговата душа царува празнина.
Коњугација: царуваат.
Изведени зборови:
- царување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
царува, царуваат несв. 1. Владее, управува со царство како цар. Царуваше во мир и спокојство долги години. 2. (прен.) Живее како цар, се однесува како цар, живее убаво, безгрижно. Војниците царуваа во планинските села. Едни царуваат, други гладуваат. 3. (прен., само во 3. л.) Владее, преовладува, господари. Царува тишината. Во неговата душа царува празнина. ‖ глаг. им. царување ср.