цеди

Глагол, несвршен

Значење на цеди:

1. Пропушта течност низ нешто, обично цедило, за да се прочисти. Го цеди чајот. Го цедеше млекото.

2. Со притискање истискува, извлекува течност од нешто. Цеди лимон. Цеди мед.

3. (прен.) Подложува на строг критериум, исцрпува, измачува. Наставникот ги цедеше учениците. Војниците ги цедеа селаните.

4. (прен.) Зборува полека, одвај чујно, како низ заби. Тешко дишеше и ги цедеше зборовите.

Коњугација: цедат.

Изведени зборови:

  • се ~ цеди, Тече, истекува капка по капка. Медот се цедеше по чинијата. Капки пот му се цедеа по лицето.
  • цедење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

цеди, цедат несв. 1. Пропушта течност низ нешто, обично цедило, за да се прочисти. Го цеди чајот. Го цедеше млекото. 2. Со притискање истискува, извлекува течност од нешто. Цеди лимон. Цеди мед. 3. (прен.) Подложува на строг критериум, исцрпува, измачува. Наставникот ги цедеше учениците. Војниците ги цедеа селаните. 4. (прен.) Зборува полека, одвај чујно, како низ заби. Тешко дишеше и ги цедеше зборовите. ● се ~ Тече, истекува капка по капка. Медот се цедеше по чинијата. Капки пот му се цедеа по лицето. ‖ глаг. им. цедење ср.