цедило
Значење на цедило:
1. Ретко ткаено платно за процедување млеко, сирење и сл. Сирењето се цедеше во цедилото. Од цедилото капеше сурутка.
2. Волнена или памучна ткаенина со која се покрива лебот. Го извади лебот и го покри со цедилото. Под цедилото најде пресна погача.
3. цедилка.
Множина: цедила.
Изведени зборови:
- цедилце, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го остави на цедило ‒ не помогна некому, го доведе во тешка ситуација. Остана на цедило ‒ се најде во тешка, безизлезна ситуација.
Оригинални податоци:
цедило, мн. цедила ср. 1. Ретко ткаено платно за процедување млеко, сирење и сл. Сирењето се цедеше во цедилото. Од цедилото капеше сурутка. 2. Волнена или памучна ткаенина со која се покрива лебот. Го извади лебот и го покри со цедилото. Под цедилото најде пресна погача. 2. сп. цедилка. ◊ Го остави на цедило ‒ не помогна некому, го доведе во тешка ситуација. Остана на цедило ‒ се најде во тешка, безизлезна ситуација. ‖ цедилце, мн. цедилца ср. дем.