цел

Придавка

Значење на цел:

1. а) Што ги има сите делови, што е полн, целосен. Цел леб. Цела куќа. Цела сума. Цела приказна. б) Што е неповреден, неоштетен, нескршен. Шишето падна, ама остана цело.

2. Што е во полн состав, што ги опфаќа сите во однос на бројност, количество и сл. Цел град. Цело село. Цело семејство.

3. Што трае долго, непрекинато, но определено време. Цел ден. Цела ноќ. Цела година. Цел живот.

4. Што е прав, вистински, таков како што треба. Стана цел маж. За готвење беше цела домаќинка.

5. Што е докрај, целосно остварен, добиен, постигнат. Доби цел поен. Ја испи целата чашка. Ја стекна целата доверба. Му го остави целиот имот.

6. Како им. цело, цели ср. а) (само едн., книж.) Нешто единствено. Класот е едно цело. б) (мат.) Цел број. Едно цело и две десеттини. Три цели и пет десеттини.

Членувана форма: целиот.

Оригинални податоци:

цел, целиот прид. 1. а) Што ги има сите делови, што е полн, целосен. Цел леб. Цела куќа. Цела сума. Цела приказна. б) Што е неповреден, неоштетен, нескршен. Шишето падна, ама остана цело. 2. Што е во полн состав, што ги опфаќа сите во однос на бројност, количество и сл. Цел град. Цело село. Цело семејство. 3. Што трае долго, непрекинато, но определено време. Цел ден. Цела ноќ. Цела година. Цел живот. 4. Што е прав, вистински, таков како што треба. Стана цел маж. За готвење беше цела домаќинка. 5. Што е докрај, целосно остварен, добиен, постигнат. Доби цел поен. Ја испи целата чашка. Ја стекна целата доверба. Му го остави целиот имот. 6. Како им. цело, мн. цели ср. а) (само едн., книж.) Нешто единствено. Класот е едно цело. б) (мат.) Цел број. Едно цело и две десеттини. Три цели и пет десеттини.