цел
Значење на цел:
1. Нешто кон кое се стреми човек, нешто што сака да го постигне. Животна цел. Образовна цел. Добротворни цели. Политички цели.
2. Намера, умисла, желба. Целта на ова укажување е да се дејствува. Целта му беше да стигне далеку. Во говорот јасно ја истакна својата цел.
3. а) (спорт.) Крајна точка, граница до која се сака или треба да се стигне. Стигна последен на целта. Сите маратонци допливаа до целта. б) Означен, определен дел, точка од просторот во која се нишани при разни натпреварувања. Со прецизен удар ја погоди целта. Двапати шутираше, но не ја погоди целта. в) (воен.) Предмет, објект што е нишан, кон кој се нишани. Ниедна од ракетите не ја погоди целта. Борбените авиони успешно ги гаѓаа своите цели.
Множина: цели.
Фразеолошки израз / поговорка:
Целта ги оправдува средствата ‒ сп. средство. Имаше задни цели ‒ му прави нешто лошо некому, намерно го попречува некого во нешто.
Оригинални податоци:
цел, мн. цели ж. 1. Нешто кон кое се стреми човек, нешто што сака да го постигне. Животна цел. Образовна цел. Добротворни цели. Политички цели. 2. Намера, умисла, желба. Целта на ова укажување е да се дејствува. Целта му беше да стигне далеку. Во говорот јасно ја истакна својата цел. 3. а) (спорт.) Крајна точка, граница до која се сака или треба да се стигне. Стигна последен на целта. Сите маратонци допливаа до целта. б) Означен, определен дел, точка од просторот во која се нишани при разни натпреварувања. Со прецизен удар ја погоди целта. Двапати шутираше, но не ја погоди целта. в) (воен.) Предмет, објект што е нишан, кон кој се нишани. Ниедна од ракетите не ја погоди целта. Борбените авиони успешно ги гаѓаа своите цели. ◊ Целта ги оправдува средствата ‒ сп. средство. Имаше задни цели ‒ му прави нешто лошо некому, намерно го попречува некого во нешто.