цели

Глагол, несвршен

Значење на цели:

1. Има цел, се стреми кон некоја цел. Демократите целеа на изборна победа. Директорот целеше да внесе ред и дисциплина во колективот.

2. Управува истрел, удар, нишани. Војниците целеа кон сè што се движеше. Тој целеше кон телото на затвореникот.

Коњугација: целат.

Изведени зборови:

  • целење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

цели, целат несв. 1. Има цел, се стреми кон некоја цел. Демократите целеа на изборна победа. Директорот целеше да внесе ред и дисциплина во колективот. 2. Управува истрел, удар, нишани. Војниците целеа кон сè што се движеше. Тој целеше кон телото на затвореникот. ‖ глаг. им. целење ср.