целибат
Само во еднина.
Значење на целибат:
1. Неженство, безбрачност. Целибатот е ретка појава на овие простори.
2. Забрана за женидба на свештениците од некои вероисповеди. Даде завет на целибат и испосништво.
Изведени зборови:
- целибатски, прид. целибатскиот Целибатски статус.
Оригинални податоци:
целибат (само едн.) м. 1. Неженство, безбрачност. Целибатот е ретка појава на овие простори. 2. Забрана за женидба на свештениците од некои вероисповеди. Даде завет на целибат и испосништво. ‖ целибатски, целибатскиот прид. Целибатски статус.