цементира
Значење на цементира:
1. Обложи, обложува, пополни, пополнува, зацврсти, зацврстува со цемент. Го цементираше подот во визбата. Ја цементира патеката во дворот.
2. (прен.) Поврзе, поврзува, сплоти, сплотува. Пријателството го цементираа со заемна доверба.
Коњугација: цементираат , цементирајќи.
Изведени зборови:
- цементирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
цементира, цементираат; цементирајќи св. и несв. 1. Обложи, обложува, пополни, пополнува, зацврсти, зацврстува со цемент. Го цементираше подот во визбата. Ја цементира патеката во дворот. 2. (прен.) Поврзе, поврзува, сплоти, сплотува. Пријателството го цементираа со заемна доверба. ‖ глаг. им. цементирање ср.