цена

Именка, женски род

Значење на цена:

1. Вредност на нешто (стока, имот, труд и сл.) изразена во пари или во нешто друго. Продажна цена. Откупна цена. Ниски цени. Високи цени. Пазарни цени.

2. (прен., само едн.) Вредност, важност, значење. Животот нема цена. Тоа е цената на слободата.

Множина: цени.

Фразеолошки израз / поговорка:

На цена е ‒ многу е ценет, важен, значаен. Нема цена ‒ толку многу вреди што не може да се изрази со цена. По никоја цена ‒ никако, под никакви услови. По секоја цена ‒ секако, на секој можен начин. По цена на нешто ‒ ризикувајќи, жртвувајќи нешто.

Оригинални податоци:

цена, мн. цени ж. 1. Вредност на нешто (стока, имот, труд и сл.) изразена во пари или во нешто друго. Продажна цена. Откупна цена. Ниски цени. Високи цени. Пазарни цени. 2. (прен., само едн.) Вредност, важност, значење. Животот нема цена. Тоа е цената на слободата. ◊ На цена е ‒ многу е ценет, важен, значаен. Нема цена ‒ толку многу вреди што не може да се изрази со цена. По никоја цена ‒ никако, под никакви услови. По секоја цена ‒ секако, на секој можен начин. По цена на нешто ‒ ризикувајќи, жртвувајќи нешто.