центар
Значење на центар:
1. (мат.) Точка што е еднакво оддалечена од сите точки на кружницата или од површината на топката.
2. Точка што е средиште на некакви односи. Центар на притисок.
3. Средиштен, среден, најважен дел од градот што се наоѓа во средината на градскиот простор. Во центарот на градот. Стариот центар на градот.
4. Место каде што е сконцентрирана некаква дејност, раководство, управа; дел од град или од населба што има административно, културно, стопанско и др. значење за определена област или земја. Трговски центар. Културен центар. Индустриски центар.
5. Највисок, раководен орган на организација, управа и сл. Сите идеи доаѓаа од центарот на партијата.
6. (мед.) Збир од нервни ќелии што регулираат некоја функција на организмот. Центар за рамнотежа.
7. (пол.) Партија која во буржоаските парламенти се наоѓа меѓу десницата и левицата. Влада на десниот центар.
8. (спорт.) Играч што игра во средината во фудбал, хокеј, ватерполо и др. тимски спортови. Голот го постигна центарот на гостинската екипа.
Множина: центри.
Фразеолошки израз / поговорка:
Центар на вниманието ‒ некој или нешто што привлекува интерес со својата појава, начин на однесување и сл.
Оригинални податоци:
центар, мн. центри м. 1. (мат.) Точка што е еднакво оддалечена од сите точки на кружницата или од површината на топката. 2. Точка што е средиште на некакви односи. Центар на притисок. 3. Средиштен, среден, најважен дел од градот што се наоѓа во средината на градскиот простор. Во центарот на градот. Стариот центар на градот. 4. Место каде што е сконцентрирана некаква дејност, раководство, управа; дел од град или од населба што има административно, културно, стопанско и др. значење за определена област или земја. Трговски центар. Културен центар. Индустриски центар. 5. Највисок, раководен орган на организација, управа и сл. Сите идеи доаѓаа од центарот на партијата. 6. (мед.) Збир од нервни ќелии што регулираат некоја функција на организмот. Центар за рамнотежа. 7. (пол.) Партија која во буржоаските парламенти се наоѓа меѓу десницата и левицата. Влада на десниот центар. 8. (спорт.) Играч што игра во средината во фудбал, хокеј, ватерполо и др. тимски спортови. Голот го постигна центарот на гостинската екипа. ◊ Центар на вниманието ‒ некој или нешто што привлекува интерес со својата појава, начин на однесување и сл.