централа
Значење на централа:
1. Главна служба, седиште на највисоката власт или управа на некоја установа, банка, претпријатие, организација и др.; филијала. Централа на банка. Централа на фирма.
2. Систем од технички средства и апарати со определена намена; инсталација, постројка. Електрична централа. Телефонска централа.
3. Место каде што се наоѓа главната постројка на некои технички установи. Централата изгледаше малечка од мостот.
Множина: централи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пие од централа (жарг.) ‒ пие од шише наместо да си сипе во чашка.
Оригинални податоци:
централа, мн. централи ж. 1. Главна служба, седиште на највисоката власт или управа на некоја установа, банка, претпријатие, организација и др.; спрот. филијала. Централа на банка. Централа на фирма. 2. Систем од технички средства и апарати со определена намена; инсталација, постројка. Електрична централа. Телефонска централа. 3. Место каде што се наоѓа главната постројка на некои технички установи. Централата изгледаше малечка од мостот. ◊ Пие од централа (жарг.) ‒ пие од шише наместо да си сипе во чашка.