цензор
Значење на цензор:
1. (истор.) Висок чиновник во Стариот Рим кој вршел проценка на имотот, надзор над јавниот морал и давал под закуп државни имоти.
2. Службено лице задолжено да врши цензура. Цензорот го врати ракописот.
Множина: цензори.
Изведени зборови:
- цензорски, прид. цензорскиот Цензорска интервенција.
Оригинални податоци:
цензор, мн. цензори м. 1. (истор.) Висок чиновник во Стариот Рим кој вршел проценка на имотот, надзор над јавниот морал и давал под закуп државни имоти. 2. Службено лице задолжено да врши цензура. Цензорот го врати ракописот. ‖ цензорски, цензорскиот прид. Цензорска интервенција.