цензус

Именка, машки род

Значење на цензус:

1. (истор.) Процена на имотот на граѓаните во Стариот Рим заради распределување во даночни групи.

2. Попис на населението; процена на имотот на граѓаните и определување на висината на данокот.

3. Во земјите без општо право на глас ‒ најмал износ на данок што граѓанинот мора да го плаќа за да има право на глас и на други политички права.

4. Услови неопходни за користење извесни права. Висок цензус.

Множина: цензуси.

Оригинални податоци:

цензус, мн. цензуси м. сп. 1. (истор.) Процена на имотот на граѓаните во Стариот Рим заради распределување во даночни групи. 2. Попис на населението; процена на имотот на граѓаните и определување на висината на данокот. 3. Во земјите без општо право на глас ‒ најмал износ на данок што граѓанинот мора да го плаќа за да има право на глас и на други политички права. 4. Услови неопходни за користење извесни права. Висок цензус.