цепи
Значење на цепи:
1. Сече дрво по должина удирајќи со остар предмет (со секира и сл.); сече дрва на помали парчиња погодни за огрев. Цепеше дрва во шумата. Ги цепи дрвата со секира.
2. За некои плодови ‒ сече на две половини, преполовува. Ги цепеше модрите сливи. Цепи ги кајсиите и ставај ги во тенџерето! 3. Кине, дере, раздвојува платно, хартија и сл. Шивачот ја цепеше ткаенината. Децата ги цепеа листовите од тетратките. 4. (прен.) Бразди, прави бразда по вода, по земја; минува преку нешто оставајќи видлива трага. Бродот го цепеше езерото. Остриот плуг ја цепеше земјата. Го цепеше снегот.
3. (прен.) За звук ‒ силно одекнува, го реже воздухот. Вресокот ја цепеше тишината. Молскавиците го цепеа мракот.
4. (прен.) Руши единство на нешто, разединува. Несогласувањата ја цепеа партијата. Тајните го цепеа нашето пријателство.
Коњугација: цепат.
Изведени зборови:
- се ~ цепи, 1. Лесно се сече, се кине на делови. Сувите дрва убаво се цепеа. Ткаенината лесно се цепеше. 2. (прен.) Се разединува, се разделува. По поразот на изборите партијата почна да се цепи на помали партии. Нашето друштво се цепеше на помали групи. 3. (жарг.) Се смее, се кикоти. Децата се цепат од смеа.
- цепење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го цепи умот ‒ многу размислува. Како ти цепи умот ‒ постапи според твое мислење и согледување на работите. Цепи влакно ‒ постојано наоѓа мани.
Оригинални податоци:
цепи, цепат несв. 1. Сече дрво по должина удирајќи со остар предмет (со секира и сл.); сече дрва на помали парчиња погодни за огрев. Цепеше дрва во шумата. Ги цепи дрвата со секира. 2. За некои плодови ‒ сече на две половини, преполовува. Ги цепеше модрите сливи. Цепи ги кајсиите и ставај ги во тенџерето! 3. Кине, дере, раздвојува платно, хартија и сл. Шивачот ја цепеше ткаенината. Децата ги цепеа листовите од тетратките. 4. (прен.) Бразди, прави бразда по вода, по земја; минува преку нешто оставајќи видлива трага. Бродот го цепеше езерото. Остриот плуг ја цепеше земјата. Го цепеше снегот. 5. (прен.) За звук ‒ силно одекнува, го реже воздухот. Вресокот ја цепеше тишината. Молскавиците го цепеа мракот. 6. (прен.) Руши единство на нешто, разединува. Несогласувањата ја цепеа партијата. Тајните го цепеа нашето пријателство.● се ~ 1. Лесно се сече, се кине на делови. Сувите дрва убаво се цепеа. Ткаенината лесно се цепеше. 2. (прен.) Се разединува, се разделува. По поразот на изборите партијата почна да се цепи на помали партии. Нашето друштво се цепеше на помали групи. 3. (жарг.) Се смее, се кикоти. Децата се цепат од смеа. ◊ Го цепи умот ‒ многу размислува. Како ти цепи умот ‒ постапи според твое мислење и согледување на работите. Цепи влакно ‒ постојано наоѓа мани. ‖ глаг. им. цепење ср.