цепка
Значење на цепка:
1. Цепи на ситни парчиња, дели на ситни делови. Ги цепкаше дрвцата во дворот. Цепкаше борина.
2. (прен.) Разединува, дели; цепи 6. Ми го цепкаше слободното време
Коњугација: цепкаат.
Изведени зборови:
- се ~ цепка, 1. Се цепи, се дели на ситни делови. Ткаенината лесно се цепкаше. 2. (прен.) сп. цепи се 2. Партијата се цепкаше на повеќе фракции.
- цепкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
цепка, цепкаат несв. 1. Цепи на ситни парчиња, дели на ситни делови. Ги цепкаше дрвцата во дворот. Цепкаше борина. 2. (прен.) Разединува, дели; сп. цепи 6. Ми го цепкаше слободното време ● се ~ 1. Се цепи, се дели на ситни делови. Ткаенината лесно се цепкаше. 2. (прен.) сп. цепи се 2. Партијата се цепкаше на повеќе фракции. ‖ глаг. им. цепкање ср.